Warning: file_put_contents(/www/wwwroot/www.1000114.com/index/temp_block/www.nchczs.com/xifobkjxaioqhtml.php): failed to open stream: No space left on device in /www/wwwroot/www.1000114.com/index.php on line 131 日本无吗无卡v四区222日本无吗无卡v四区222,善良的小峓子在线观看02善良的小峓子在线观看02,日韩2020中文字幕日韩2020中文字幕
Исус (7−2 п.н.е. до 26−36) — палестински пророк и рабин од Назарет, кој многу Евреи го сметале за голем учител. По неговата смрт станал централна фигура во христијанството и важна фигура во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се „претворил“ и станал човек – Исус Христос.
Голем број од научниците од областа на историјата и теологијата се сложуваат дека Исус бил Евреин од Галилеја, дека го сметале за учител и исцелител, дека бил крстен од страна на Јован Крстител и дека е распнат на крст во Ерусалим по наредба на римскиот гувернер Понтиј Пилат, под оптужба за клевета против Римското царство. Главни извори околу животот на Исус се четирите Евангелија од Новиот завет од Матеј, Марко, Лука и Јован. Денес, само неколку современи научници веруваат дека сите древни списоци за животот на Исус се точни или неточни.
Христијаните веруваат дека Исус бил Месија, чие доаѓање е најавено во Стариот завет, кое е едно од основните гледишта околу разликите во погледот на Исус со јудаизмот. Христијаните веруваат дека Исус е Син Божји, кој дошол да го донесе спасот и помирувањето со Бога и кој воскреснал по неговото распнување. Повеќе христијански учења зборуваат дека Исус бил исцелител, правејќи големи чуда. (Дознајте повеќе...)
... дека според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
...дека кај тиквешкото село Росоман се наоѓало едно од двете речни пристаништа во Вардарска Македонија, од кое се испорачувале земјоделски производи во Солун сè до 1912 година?
... дека композиторот Јохан Себастијан Бах имал дури 20 деца со две жени (7 со првата и 13 со втората)?
... дека папагалот мал александар (Psittacula krameri) го носи името на кралот Александар Македонски, за кој се смета дека ги довел птиците од овој род во Средоземјето од Индија како подароци за аристократијата и дипломатите?
...дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во директно сродство со санскритскиот збор vāpī, што значи „долго блато“?
... дека со само 30 жители (2011), Хум на Истра е најмалиот град во светот?
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е првпат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
The article is a derivative under the
Creative Commons Attribution-ShareAlike License.
A link to the original article can be found here and attribution parties
here.
By using this site, you agree to the Terms of Use.
Gpedia Ⓡ is a registered trademark of the Cyberajah Pty Ltd.